Трудово право

Работните односи, процесот на нивното засновање, траење и престанокот на истите, се значаен сегмент од работењето на секој Работодавач но и Работник.

Оттука, ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ сме особено посветени и внимателни во прецизната и соодветна примена на одредбите од законските и подзаконските текстови од легислативата во оваа област, а следствено на тоа и во практицирањето на трудовото право во односите со нашите Клиенти. На нашите Клиенти им нудиме сеопфатни совети и сме активно вклучени во процесите од засновањето, успешен тек, унапредување на работните односи, како и престанок на истите, кога е тоа неопходно, а ги застапуваме и во судските постапки на работни спорови, иако нашата прва и главна цел е таквите постапки да ги избегнеме, намалиме или кога се крајно решение, да ги добиеме во корист на Клиентот кој го застапуваме, секако.

Нашиот тим во областа на работните односи го предводи Партнер Адвокат Ана Тошиќ Чубриновски.

Услуги од областа на работните односи од приватниот сектор во разни области од индустријата;
Менаџмент на човечки ресурси
Превентивни мерки
Договори за вработување и конкурентски договори
Менаџерски договори
Дисциплински правилници и интерни акти кај работодавачот
Советување од областа на работните односи
Обуки за работодавачите и менаџментот
Судски постапки од областа на работните односи
Заштита и безбедност при работа