Стечајни постапки

Примарната цел на стечајната постапка е колективно намирување на доверителите на стечајниот должник во ситуација кога истиот станал неспособен за плаќање, односно му претстои идна неспособност за плаќање. Колективното намирување на доверителите се спроведува или преку престанок на деловниот потфат и впаричување на имотот на должникот или преку негова реорганизација.

Стручниот тим на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ на своите клиенти им нуди екстензивна заштита на нивните права и интереси како доверители во сите фази на стечајната постапка, преку подготовка на документација и поднесување на предлог за поведување на стечајна постапка, пријавување на побарувањата на доверителот, застапување на судските рочишта закажани по повод поведената стечајна постапка, како и правна помош и застапување во парничните постапки во случај на оспорување на побарувањето на доверителот и/или застапување во постапките за побивање на должниковите правни дејствија, како и во подготовка на планови за реорганизација на друштвото.

Нашето адвокатско друштво во изминатиот период беше вклучен во накои од најолемите стечајни постапки, каде како подршка на нашите клиенти овозможивме рестартирење на некои од најголемите индустриски капацитети во државата.

Нашиот тим во оваа област го предводи Партнер – Адвокат Ивица Јевтиќ и Адвокат Елена Кузмановска