Рударство

Минералните суровини се добра од општ интерес, сопственост на Република Северна Македонија, чијашто експлоатација е од стратешко значење за економскиот развој и е неопходна за реализација на проекти од јавен интерес.

Работата и соработката со врвни компании од областа на рударството ни овозможи стекнување на искуство и продлабочени познавања на регулативата за експлоатација на минерални суровини, работата со експлозивни материи, работничките права и безбедноста и здравјето при работа со посебен акцент на вработените во рударството, односно исцрпната правна проблематика поврзана со функционирањето на еден рудник.

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди сеопфатна услуга во оваа област, почнувајќи, пред се, од изработката на експертски правни мислења и толкување на позитивните законски прописи од сферата на рударството, согласно потребите и барањата на клиентите. Нашиот тим нуди услуги и посветено работи и на застапување во управните постапки за доделување на концесија и дозвола за експлоатација на минерални суровини.

На нашите клиенти им нудиме и консултации, правни совети и изработка на сите неопходни правни акти при исполнувањето на обврските предвидени за концесионерите со Законот за минерални суровини, обврските од областа на користење на рударската техничка опрема, како и безбедноста и здравјето на работниците воопшто, а особено при вршењето на подземни работи и работа во рудник.

Нашето Адвокатско друштво работеше во остварувањето на најголемата инвестиција во рударството во последните 10 години, вредна повеќе од 30 милиони евра и даде правна помош за рестартирање на два од моментално 4 активни рудници во Република Северна Македонија.

Нашиот тим во оваа област го предводи Парнерот – Адвокат Ивица Јевтиќ.