НЕКОЛКУ ЗБОРА ЗА НАС

Нашата посветеност кон вашите предизвици, ќе ви овозможи да донесете правилна одлука.

Ние веруваме дека нашата способност да ги задоволиме вашите потреби со професионална и ефикасна правна помош Е ОНА ШТО ВИЕ ГО БАРАТЕ. Нашиот сестран и професионален пристап кон работата и извршувањето на правните услуги ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме соодветни правни услуги и покриеност на законската регулатива во Македонија.

ТОШИЌ & ЈЕВТИЌ е со седиште во Скопје, Република Македонија.

Македонија е релативно млада земја, својата независност ја стекна во 1991 година. Република Македонија е држава со пазарна економија, што значи дека можностите за инвестирање и развој на ВАШИОТ бизнис се зголемуваат одден-наден. Ние сме земја-кандидат за членка на НАТО, а највисок стратешки интерес и приоритет е влез во Европската Унија. Македонија е земја со најниски даночни стапки во Европа и како таква претставува посакувана земја во којашто Вие ќе го проширите вашиот бизнис. Воедно, на листата од 20 земји, Македонија е втора најдобра земја за инвестирање во недвижности и место каде што можете да основате трговско друштво за два дена.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС

Ние користиме модерен деловен пристап што ќе Ви ги намали трошоците поврзани со правните услуги. Нашиот иновативен пристап и технологијата ни овозможуваат да им го понудиме на нашите клиенти токму она што им е потребно: софистициран правен совет од стручни адвокати по прифатливи цени.

Ние го дефинираме нашиот успех врз основа на поддршката што можеме да им ја дадеме на нашите клиенти.

Тошиќ и Јевтиќ ги поддржува клиентите на начин што е најсоодветен за нивниот бизнис. Зависно од стратегијата и целите на нашиот клиент, адвокатите во Тошиќ и Јевтиќ се подготвени да одговорат на Вашите потреби на начин што е најсоодветен за Вас. Независно дали работата подразбира тим од нашите најискусни адвокати, пресретнување на потребата на нашиот клиент во пополнувањето на празнина од неговиот тим за секојдневни потреби или, пак, одговор на специфично прашање, ние работиме директно со нашиот клиент со цел да се осигураме дека тој ја има поддршката потребна за успех на секое поле.

Ние, Тошиќ&Јевтиќ, зборуваме течно и беспрекорно се служиме со англискиот јазик, а секоја комуникација на јазик различен од англискиот може да се одвива преку нашиот добро разработен систем на преведувачи од речиси секој светски јазик. На тој начин, секоја јазична бариера за успешни деловни потфати и соработки е надмината.

Воедно имаме и овластен судски преведувач од англиски на македонски јазик и обратно.

Соработка

T&J имаат успешна деловна соработка со адвокати надвор од границите на Република Македонија, коишто имаат извонредно искуство во различни правни системи, законодавства и деловни потфати, универзитетски професори, признаени експерти и научници од разни области на науката, коишто имаат единствени познавања и се способни да го понудат и имплементираат најсоодветното решение.

ТОШИЌ & ЈЕВТИЌ се дел од меѓународното правно здружение „ДИГЕСТА“ (DIGESTA ILC), чијашто примарна активност е извршување на услуги од областа на приватното и трговското право во Русија и во повеќе од 25 земји во светот.

ТОШИЌ & ЈЕВТИЌ се член на Македонско-бугарската стопанска комора.

Партнерот во Т&Ј, г. Ивица Јевтиќ е член на надзорниот одбор во Македонско-бугарската стопанска комора.

ЗА ЗАЕДНИЧКИ УСПЕСИ
Тошиќ & Јевтиќ
Адвокати
Кликни
за повеќе
Тошиќ & Јевтиќ
Адвокати

?       

Дали Ви e потребен професионален правен совет во Македонија?

Тошиќ & Јевтиќ
Адвокати
е вистинското место за вас!

Нашата работа
Зошто нашата правна помош?

Во денешниот брз и динамичен свет, потребата за квалитетна и стручна правна помош е неопходен услов за успешен бизнис-резултат.
Нашата посветеност на одржување високо ниво во квалитетот на правната помош во областите што се наша специјалност, ни овозможува да понудиме правна помош што им е потребна на нашите клиенти и е во интерес на нивните потреби.
За Тошиќ & Jевтиќ како адвокати, привилегија е да одговорат на сите потреби на нашите клиенти и да обезбедат соодветна правна помош за ВАС. Наша цел е да работиме заедно со вас и заедно да ги разбереме вашите цели и потреби врз основа на што ќе креираме уникатен пристап кон вашиот проблем или потреба, а сѐ со цел да овозможиме најдобар квалитет на заштита на вашите права и интереси.

Let’s grow your business together!

НАШИТЕ СТАНДАРДИ!

Ефикасна, навремена и стручна правна помош;

Да бидеме значаен дел од успехот на секој наш клиент;

Реализацијата на вашите бизнис-идеи е наш предизвик;

Заштитата на вашиот бизнис е наш приоритет!

НЕКОЛКУ ЗБОРА ЗА НАС

Нашата посветеност кон вашите предизвици, ќе ви овозможи да донесете правилна одлука. Ние веруваме дека нашата способност да ги задоволиме вашите потреби со професионална и ефикасна правна помош Е ОНА ШТО ВИЕ ГО БАРАТЕ. Нашиот ...

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

Ние користиме модерен деловен пристап што ќе Ви ги намали трошоците поврзани со правните услуги. Нашиот иновативен пристап и технологијата ни овозможуваат да им го понудиме на нашите клиенти токму она што им е потребно: софистициран правен совет од ...

Change is not a threat, it’s an opportunity.
Survival is not the goal, transformative success is.

ТРГОВСКО ПРАВО
 
НЕДВИЖНОСТИ
И ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
ТРУДОВО ПРАВО
 
СУДСКИ ПОСТАПКИ И
ЗАСТАПУВАЊЕ
ИНТЕЛЕКТУАЛНА
СОПСТВЕНОСТ
ОБЛАСТИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
ТРГОВСКО ПРАВО
  • Купопродажни договори, преддоговори;
  • Основање трговски друштва;
  • Општи советодавни бизнис-услуги;
  • Преземања и спојувања
  • Реструктуирање;
  • Корпоративно управување;
  • Разни статусни измени, промена на управител, назив, седиште, промена на формата на основање на друштвото;
  • Пренос на удели;
  • Заштита на потрошувачи;
  • Стечајна и ликвидациска постапка;
  • Странски директни инвестиции;
  • Длабински правни анализи на друштвата (Due diligences);
  • Правни мислења од областа на банкарство и финансии.
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го Ивица Јевтиќ (jevtic@tjlaw.com.mk)
НЕДВИЖНОСТИ И ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
  • Права и интереси во недвижности и сопственост на недвижност;
  • Продажба, купување и пренос на недвижност;
  • Инвестиции во недвижности;
  • Судски постапки;
  • Јавно приватно партнерство
  • Деловни недвижности
  • Развој и градба на недвижности
  • Лизинг;
  • Залози и хипотеки;
  • Хартии од вредност.
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте ја Ана Тошиќ Чубриновски (tosic@tjlaw.com.mk)
ТРУДОВО ПРАВО
  • Услуги од областа на работните односи од приватниот сектор во разни области од индустријата;
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Превентивни мерки;
  • Договори за вработување и конкурентски договори;
  • Менаџерски договори
  • Дисциплински правилници и интерни акти кај работодавачот;
  • Советување од областа на работните односи;
  • Дисциплински постапки;
  • Обуки за работодавачите и менаџментот;
  • Алтернативно решавање спорови;
  • Судски постапки од областа на работните односи;
  • Заштита и безбедност при работа;
  • Дискриминација;
  • Мобинг;
  • Заштита на лични податоци.
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте ја Ана Тошиќ Чубриновски (tosic@tjlaw.com.mk)
СУДСКИ ПОСТАПКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ
  • Граѓански спорови;
  • Управни спорови;
  • Трговски спорови;
  • Арбитража;
  • Медијација;
  • Наплата на долгови.
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го Ивица Јевтиќ (jevtic@tjlaw.com.mk)
ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
  • Трговска марка, географска ознака и ознака на потекло;
  • Индустриски дизајн;
  • Патент;
  • Авторски и други сродни права;
  • Заштита на домен;
  • Повреда на правата од интелектуалната сопственост и судска заштита;
  • Нелојална конкуренција.
  • За повеќе информации
  • Ве молиме контактирајте ја Ивана Јевтиќ (ivana@tjlaw.com.mk)

+ Правни консултации

Нашиот правен тим нуди ефикасна и стручна правна помош на анализа на закони, прописи и анализа на измените и дополнувањата во македонското законодавство, а и како тие измени имаат влијание врз нашите клиенти. Покрај тоа, нашиот правен тим може да обезбеди консултации во врска со изготвување и разгледување договори и документи и да обезбеди правна помош за различни локални правни прашања, како и учество и правна помош околу преговори. Ние ги насочувамe нашите ресурси со цел да бидеме сигурни дека сме исцрпно подготвени за судска постапка, иако наша примарна цел е избегнување на истата секогаш кога е тоа возможно.
  • Ана Тошиќ Чубриновски
  • E: tosic@tjlaw.com.mk
  • M: +389 78 323 912
  • Недвижности и хартии од вредност
  • Трудово право
  • Ивица Јевтиќ
  • E: jevtic@tjlaw.com.mk
  • M: +389 78 323 902
  • Трговско право
  • Судски постапки и застапување
/ Контакт
  • A: ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-2/17 1000 Скопје, Р. Македонија
  • T: +389 2 3112 261 / F: +389 2 3112 261/ E: info@tjlaw.com.mk

/ Во секое време

EVERY ACCOMPLISHMENT STARTS
WITH A DECISION TO TRY

Како да не најдете
Ние се наоѓаме во строгиот центар на Скопје, веднаш спроти „Порта Македонија“ и Градскиот трговски центар.


View Tosic & Jevtic - Labor Law Service in a larger map