Канабис за медицински цели

Преку измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци донесени во март 2016 година, Република Северна Македонија ги следи глобалните економски трендови дозволувајќи го одгледувањето и производството на канабис со што се овозможи забрзан развој на една млада индустриска гранка.

Одгледувањето на канабис во Република Северна Македонија е дозволено за намени и под услови утврдени со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно македонското законодавство дозволува одгледување на канабис единствено за медицински и научни цели.

Согласно моменталните законски решенија, канабисот одгледан во државата може да се обработува исклучиво во Република Северна Македонија од страна на правно лице кое има дозвола за производство на екстракти од канабис. Сепак, од страна на Министерството за здравство се подготвува нов Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кој предвидува либерализација и во оваа сфера, односно текстот на новиот Закон би дозволил извоз на сувата маса во форма на цвет добиена од исушеното растение канабис, како и увоз, извоз и трговија со семенски и саден материјал од канабис.

 

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ е во постојан чекор со оваа динамична проблематика и на своите клиенти им нуди сеопфатни правни услуги од областа, преку изработка на правни мислења од областа до застапување пред сите управни органи и институции со цел добивање на потребните дозволи и одобренија за започнување со работа, како и подршка во работата.

Нашето Адвокатско друштво, во моментот дава правна подршка на неколку инвестиции за одгледување и произвдоство на медицински канабис вредни вкупно повеќе од 35 милиони евра

Нашиот тим во оваа област го предводат партнерите – Адвокат Ивица Јевтиќ и Адвокат Ана Тошиќ Чубриновски