Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди високо професионални услуги од областа на
трговското право на домашни и странски правни лица.
Ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ сме особено посветени и внимателни во
прецизната и соодветна примена на одредбите од законските и подзаконските текстови од
легислативата во оваа област, а следствено на тоа и во практицирањето на трговското
право во односите со нашите Клиенти.
Нашето Адвокатско друштво е специјализирано во областа на трговското право и ги
нудиме сите услуги од оваа област меѓу кои:
Oсновање на трговски друштва и други правни лица
Сите видови промени во трговските друштва и други правни лица
Спроведување на постапка за ликвидација на трговско друштво
Статусни промени (присоединување, спојување и поделба)
Правна помош од областа на стечајна постапка
Купопродажни договори и преддоговори
Општи советодавни бизнис – услуги
Странски директни инвестиции
Длабински правни анализи на друштвата (Due diligences)
Правни мислења од областа на банкарство и финансии.