Административно право

Динамичниот начин на водење на деловните потфати на правните лица, како и развитокот и проширувањето на дејноста на истите, како неопходна ја наметнуваат потребата од обезбедување на дозволи и лиценци од различни управни области и тоа во најефикасно возможна постапка.

Тимот на Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ има опсежно искуство со обезбедување на лиценци и дозволи од различни управни области и на своите клиенти им нуди сеопфатни правни услуги од областа, преку изработка на правни мислења и обезбедување консултации, па се до застапување пред сите управни органи и институции.

Нашиот тим во оваа област го предводат Адвокат – Партнер Ана Тошиќ Чубриновски и Адвокат Љупка Наумоска Ѓорѓиевска.